МВР: 41 санкција за возила што вршат превоз на ученици

41 санкција за возила што вршат превоз на ученици

Во текот на вчерашниот ден (02.02.2023) во периодот од 06.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 41 сообраќаен прекршок.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.

Извор: локално.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *