Надворешната канцеларија за криминалистички Кратово поднесе кривична пријава против Е.Ј.(25) од Кратово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.09.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената во Кратово, при што пронашле и одзеле марихуана и семки од марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Пaланка поднесе кривична пријава против К.М.(22) и А.Б.(23), двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 29.05.2019 полициски службеници извршиле преглед на А.Б., при што пронашле и одзеле марихуана. Истиот ден, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на К.М., при што пронашле и одзеле марихуана.
На 23.09.2019 во 22.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување на сериски број на патничко моторно возило „фолксваген голф“ со српски национални ознаки, бил приведен А.С.(20) од Република Србија. А.С. и возилото биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 24.09.2019 во 04.00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување на исправа – зелена карта, од слобода бил лишен С.Ј.(56) од Република Турција, кој управувал товарно моторно возило „рено“ и полуприколка со турски национални ознаки. С.Ј. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
На 23.09.2019 во 14.30 часот во Полициската станица Центар, В.С.(53) од Скопје пријавил дека на ул. „Михаил Цоков“ бил каснат од куче скитник на двете нозе.
Полициски службеници од СВР Битола на 23.09.2019 извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство на минување. Притоа, констатирано е дека шест возачи управувале возило без возачка дозвола, четири возила биле нерегистрирани, брзината ја надминале 10 возачи, тројца возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило. За сите неправилности се издадени соодветни казни.
На 23.09.2019 во 17.45 часот во Полициската станица Центар, Ш.И.(45) од Скопје пријавил дека на Кеј „13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник на левата потколеница.
Во текот на 23.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 32 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај е исклучен 21 возач од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 16 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи – почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и четири возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, седум возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 22 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 23 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се седум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издаден е 61 мандатен платен налог и 50 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.