Матичните лекари утре на протест – ќе работат само со итните случаи

Долго време никој не реагира на нашите апели да примарното здравство – не може да ги издржи овие финансиски шокови. Покачување на минимална плата, покачување на сметки за струја на концесионери, казни по матични доктори, поскапување на гориво и храна, велат од Здружението на приватни лекари, е поради неколкуте неисполнети барања кои што ги имаат

 

Секој во својата ординација но, со клуч на вратите, матичните лекари во земјава утре ќе протестираат поради како што велат „игнорантскиот однос на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ)“ и додаваат оти ќе работат единствено со итни случаи.

Револтот кај матичните лекари, кој утре ќе прерасне во протест, како што велат од Здружението на приватни лекари, е поради неколкуте неисполнети барања кои што ги имаат.

„Долго време никој не реагира на нашите апели да примарното здравство – не може да ги издржи овие финансиски шокови. Покачување на минимална плата, покачување на сметки за струја на концесионери, казни по матични доктори, поскапување на гориво и храна“,

велат во официјално соопштение од Здружението на приватни лекари во земјава.

Како што велат оттаму, потребни се неколку реформи за задоволни доктори и задоволен медицински персонал.

„Ако си заминат сестрите од малите места нема да има тимови – ако нема тимови, нема амбуланти. Тоа е на штета на народот. За квалитетно здравство, добри лаборатории, квалитетни специјалистички амбуланти и до брза дијагноза“,

порачуваат тие во соопштението, објаснувајќи ги причините за утрешниот протест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *