Матеја Владимирова постигна 35 поени за уште една значајна победа на ЖКК Баскет Кам (М16)

Матеја Владимирова постигна 35 поени за значајна победа на ЖКК Баскет Кам (М16) против екипата на Шкупи од Скопје со 72:61 поен. 14 годишната каменичанка Владимирова игра на позиците бек и крилен напаѓач. Таа е дел од првиот тим на ЖКК Баскет Кам.

На денешниот натпревар во Скопје, значаен број на поени за екипата на ЖКК Баскет Кам запиша и Милена Петровска од Македонска Каменица, која успеа да постигне 19 поени.
Благица Илијева на центарската позиција запиша 12 поени.

Со денешната победа ЖКК Баскет Кам го презема 3 место на табелата во М16 конкуренција. Следно коло ЖКК Баскет Кам во оваа конкуренција, ја пречекува екипата на ЖКК Ринија од Куманово.

Покрај овој натпревар двете истоимени екипи, денеска одиграа натпревар и во М18 конкуренција со резултат 40:62 за каменичанки.

Одлична игра на Ана Милованова, Марија Николов, Мила Ѓуковиќ и Зорица Караѓозова која одигра поголем дел од натпреварот и постигна 15 поени. Во оваа конкуренција ЖКК Баскет Кам е лидер на табелата.

Следното коло се игра во недела на 26. Февруари во Спортската сала во Македонска Каменица, со почеток од 11:15 часот, исто така против екипата на ЖКК Ринија од Куманово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *