Масакар во Лондон. Неколку мртви и десетици повредени

Најмалку 12 луѓе се повредни во пукање во близина на британскиот парламент во Лондон. Според изјави од лекарите од болницата Сент Томас една жена им подлегнала на повредите, додека има и уште неколку кои се борат за живот.

Од Скотланд Јард се огласија со кратко соопштение во кое што се наведува дека нападот се третира како терористички акт се додека не се пронајдат докази кон упатуваат кон нешто друго.

Полицијата со огнено оружје го застрелала напаѓачот пред биртанскиот парламент во центарот на Лондон, а според очевидци, пред да ги нападне полицајците напаѓачот со автомобил прегазил пет пешаци и се забил во ограда. Фотографот на Ројтерс изјави дека видел шест тешко повредени лица во блзиина на Вестминистерскиот мост и непосредна близина на зградата на парламентот.

Напаѓачот бил застрелан од страна на полицијата по сериозен инцидент, соопштија властите во Лондон.

Долниот дом на британскиот парламент ја прекинал седницата откако се слушнале истрелите пред зградата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *