Марија Стоименовска освои максимални 100 поени на државниот натпревар по математика

Македонска Каменица, 15. Мај 2023 година – Вчера, во просториите на Природно математичкиот факултет во Скопје се одржа државниот натпревар по математика за ученици од 6 до 9 одделение.

На натпреварот учествуваа два ученика од ООУ “Св. Кирил и Методиј” од Македонска Каменица. Марија Стоименовска од 6 одделение под менторство на предметниот наставник Валентина Ристова и Филип Ангелов 7 одделение, под менторство на наставникот Драган Соколовски.

Филип Ангеловски покажа солидни резултати, додека Марија Стоименовска успеа да ги освои сите “100 од 100” поени. Со тоа Марија, успеа повторно да го претстави своето училиште во најдобро светло.

Општинското основно училиште “Св. Кирил и Методиј”, како и сите каменичани, треба да се радуваме и да се гордееме со ваквите ученици. Да ги поддржуваме, промовираме и помагаме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *