Марија сеуште не е пронајдена. Случајот обвиткан со многу неодговорени прашања.

Речиси дваесет дена нема никаков глас за Марија Брзакова (28), која исчезна од својот дом во Босилово, Струмица.

Случајот со младата жена, мајка на три – годишно девојче, за која на социјалните мрежи се појави апел во кој е наведено дека е во вториот месец во бременоста, а по која се трага, го предизвика вниманието на јавноста. Многу прашања, кои се од голема важност во случај некој да ја забележи и помогне во нејзиното враќање кај семејството, останаа неодговорени.

Од СВР Струмица – молк. Соопштение од две реченици со кое се информира дека жената се оддалечила од семејниот дом во раните утрински часови, а сопругот по три дена го пријавил исчезнувањето во полиција.

Како била облечена, како изгледала, дали имала здравствени проблеми, зошто се чекало три дена за да се пријави во полиција, дали незабележано излегла од дома или кажала дека некаде ќе оди, ниту еден од овие детали не беше споделен со јавноста. Набргу по соопштението од МВР, на социјалните мрежи се појави фотографија од Марија, со апел до јавноста ако некој ја забележи да се јави на мобилен број објавен под фотографијата.

Целиот текст прочитајте го на ФОКУС.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *