Мапа ги покажува најпознатите личности родени во секое место од светот

Без разлика дали станува збор за познат фудбалер или иноватор, многу од нас се гордеат што се од ист град како и некоја позната личност. Но, која е најпознатата личност од вашиот град?

Една детална интерактивна мапа може да ви го даде одговорот на ова прашање. Според неа, Мајка Тереза е најпозната личност родена во Македонија, но доколку „зумирате“, може да ги видите имињата на најпознатите лица од секој дел од земјата.

Мапата е дело на истражувачот и географ Топи Тјуканов и е основана на истражување спроведено во јуни годинава. Во истражувањето, научници од Универзитетот на Париз пресметале кое е најпознато лице од секој дел од планетата користејќи податоци од „Википедија“. Биле земени предвид повеќе фактори, како број на текстови на „Википедија“, должина на текстовите, просечен број прегледи од 2015 до 2018, како и број на надворешни врски.

Извор: Факултети.Мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *