Малолетник од Делчево пуштил во оптек фалсификувани банкноти во продажни објекти во Македонска Каменица

ОВР Делчево поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од Делчево и против Б.И. од с.Град, делчевско, со престојувалиште во Италија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. Во периодот од 25.10.2020 до 27.11.2020 малолетникот набавил и држел кај себе повеќе фалсификувани банкноти во апоени од 50 евра, од кои четири пуштил во оптек во продажни објекти во Македонска Каменица. При претрес кај него биле пронајдени и одземени 35 банкноти. Б.И. земал една фалсификувана банкнота од малолетникот и ја дал на друго лице, кое не знаејќи дека е фалсификувана ја пуштил во оптек во продажен објект во Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *