Македонското знаме ќе ја покрие цела јужна трибина на мечот против Шпанија во недела

 

 

На натпреварот Македонија – Шпанија в недела во 20.45 часот на секое седиште на јужната трибина ќе бидат поставени картони во црвена и во жолта боја со кои ќе се формира македонското знаме.

За време на интонирањето на химната на Македонија и пред второто полувреме, гледачите на јужната трибина на Националната арена ќе го формираат знамето на Македонија.

Влезниците во продажба по цена од 200, 500 и 800 денари преку продажната мрежа на mktickets, официјалниот штанд на ФФМ во Skopje City Mall и на билетарата на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Интересот на овој натпревар е голем и се предвидувва дека нашата селекција ќе има голема поддршка против поранешниот светски и трикратен европски првак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *