Македонска Каменица се подготвува за „Ден на дијаспората 2018“ (Видео)

Општина Македонска Каменица во соработка со Културно-информативен центар „Романса“, Јавното претпријатие „Камена Река“ и Здружението на граѓани „Еленец Цера“ од село Цера ја организира традиционалната средба со иселениците – „Ден на дијаспора“. Оваа средба предизвикува се поголем интерес и годинава се очекува рекорден број на посетители да го посетат Еленец. Веќе е потврдено присуството на неколку министри од Владата на РМ, градоначалници од Источно-плански регион, претставници на Здруженија на Македонците во странство и претставници на приватни фирми кои имаат интерес за инвестиции во Македонска Каменица.

„Општина Македонска Каменица заедно со уште неколку други институции и здруженија на граѓани, интензивно се подготвува за традиционалната манифестација „Ден на дијаспора“. Годинава, таа ќе се оддржи на 12-ти август, на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера.

Прочитај повеќе: Покана за учество на угостители на „Ден на дијаспора“

Веќе се поканети редица здруженија на Македонците во дијаспората, претсавници на централната власт, како и градоначалници од регионот. На манифестацијата ќе има официјачен дел и дел со богата културна програма.

Во рамки на официјалниот дел ќе ги презентираме можностите за инвестиции во Македонска Каменица, можностите за подобрување и продлабочување на соработката со македонските иселеници, но и можностите за збратимување со европски градови во кои живеат поголем број Македонци.

Во рамки пак на неофицијалниот дел предвиден е настап на македонската музичка ѕвезда Марјан Коцев, односно предвидено е оддржување на целодневна музичка програма.

Оваа прилика ја користам да ги поканам сите да го посетат „Еленец“ на 12-ти август, да ги видат природните убавини со кои располага Македонска Каменица и преку целодневно заедничко дружење да размениме идеи, искуства и предлози“- изјави Соња Стаменкова – градоначалник на општина Македонска Каменица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *