Македонска Каменица највесел град за дочекот на новата 2017 година

Дека само еден ден во годината не треба да се сеќаваме на хуманоста, потврдуваат од рударска Каменица. Во оваа општина лани за помош на граѓани  се исплатени околу 630 илјади денари.

Највесело Новата година во општините од крајниот исток  ја дочекаа жтелите на Македонска Каменица. Околу 1.000 луѓе беа на градскиот плоштад, каде еуфоријата ја подгреа, огнометот, музиката од локалниот бенд, но и пијалок кој со точеше на штандовите.

Оваа формула за дочек на Новата на отворено, рударска Каменца ја практикува со години и се покажа како одлична за каменичани. Во партнерство со РОЦ Саса, Општината одговори на барањата на каменичани.

  • Ние се грижиме за сите категории на граѓани кога треба да се обезбеди болничко лекување или социјални пакети, но тоа не значи дека ќе се откажеме од прославите, зашто каменичани ги очекуваат и масовно излегуваат на прослава, кажа Дарко Митевски, градоначалник на М. Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *