Македонска Каменица без вода поради дефект на главната водоводна линија / 09.05.2020

Македонска Каменица, 09.05.2020 година – Поради настанат дефект на главна водоводна линија од системот за снабдување со вода, денес граѓаните на Македонска Каменица во поголемиот дел од денот ќе останат без вода за пиење.

Од ЈП „Камена Река“ апелираат до граѓаните за рационално користење на резервните количини во текот на денешниот ден, во спротивно првин високите, а потоа и ниските делови ќе останат без вода за пиење.

Дежурни екипи на Јавното претпријатие веќе се на терен и работат на отстранување на дефектот. Со понови информации во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *