Македонска дипломатка во ООН е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн

Македонска дипломатка во ООН е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн

Дипломатка  на Обединетите нации е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн на новогодишната ноќ при очигледно самоубиство, соопштија полициски извори.

Триесет и осумгодишната жена е пронајдена со ремен околу вратот во спалната соба во нејзиниот стан во Источната 45-та улица на Менхетн , нешто после пладне, велат изворите.

Полицајците откриле и антидепресивни лекови и две шишиња мелатонин – едното празно, а другото скоро празно.

Полицијата не најшла знаци на насилство.

„Живееше тука две години“, изјави Хернан Авила, мајстор во зградата. “Сите се чувствуваат лошо. Таа беше добра личност. Многу убава личност”.

Дипломатката живеела сама во стан на четврти кат, рече Авила. Тој ја опиша како тивка личност која повремено ја гледал како пуши.

„Вчера лекарите дојдоа горе, амбулантата“, рече тој. “Дојде момче, дипломат. Не знам, амбасадор или нешто слично”.

„Тој ја побара“, рече Авила. “Ѕвонеше на вратата и немаше одговор. Нешто се случи”.

Официјалните лица во постојаната мисија во ООН каде што работела жената не одговориле веднаш на барањето за коментар, пишува Фокс Њуз.

Во првичната верзија на веста на „Њујорк Пост“ биле објавени и името и презимето на дипломатката, но по неколку минути се избришани , бидејќи станува збор за самоубиство.

Официјална потврда за идентитетот од истите причини нема ниту од постојаната мисија на ООН , каде што работела жената..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *