Македонија ќе игра против најсилниот состав на Италија

Џампјеро Вентура повика 26 играчи за двата претстојни мундијалски квалификациски натпревари против Македонија и Шпанија.

Селекторот на „Аѕурите“ денес го соопшти списокот на повикани играчи со кои ќе допатува во Скопје на мегдан со Македонија. По долгата пауза поради скршеница на ногата назад во репрезентацијата е резервниот голман Матиа Перин, соиграч на Пандев од Џеноа. Од претходниот состав кој со 3:1 славеше над Израел во првото коло недостасува единствено повредениот Лука Антонели кој тогаш ги одигра сите 90 минути. Од 26-те повикани играчи, само 6 играат надвор од Серие А. Не добија повик напаѓачите Симоне Ѕаѕа и Стефан Ел Шаарауи.

Италија ќе почне да се собира уште од недела и тоа во стандардната тренинг база во населбата Коверчано во Фиренца.

Џанлуиџи Буфон – Јувентус Италија
Џанлуиџи Донарума – Милан Италија
Матиа Перин – Џеноа Италија

Давиде Астори – Фјорентина Италија
Андреа Барѕаљи – Јувентус Италија
Леонардо Бонучи – Јувентус Италија
Џорџо Киелини – Јувентус Италија
Доменико Кришито – Зенит Зенит
Матео Дармјан – Манчестер Јунајтед Англија
Матиа Де Шиљо – Милан Италија
Анџело Огбона – Вест Хем Англија
Алесио Ромањоли – Милан Италија

Федерико Бернардески – Фјорентина Италија
Џакомо Бонавентура – Милан Италија
Антонио Кандрева – Интер Италија
Даниеле Де Роси – Рома Италија
Алесандро Флоренци – Рома Италија
Рикардо Монтоливо – Милан Италија
Марко Пароло – Лацио Италија
Марко Верати – ПСЖ Франција

Андреа Белоти – Торино Италија
Едер Ситаџин Марчинс – Интер Италија
Маноло Габјадини – Наполи Италија
Чиро Имобиле – Лацио Италија
Грациано Пеле – Шандон Лунен Таишан Кина
Никола Сансоне – Виљареал Шпанија

Италија прво на 6-ти октомври ќе ја пречека Шпанија во Торино во натпревар кој е дерби во групата Г, а потоа на 9-ти на „Националната Арена Филип II Македонски“ ќе и гостува на Македонија.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *