Македонија се лизна две позиции на најновата ФИФА ранг листа

Македонската фудбалска репрезентација доживеа пад на најновата ранг листа која денеска ја објави Светската фудбалска федерација.

Ние во месец март одигравме две пријателски средби на мини турнејата во Анталија против Финска (0-0) и Азербејџан (1-1) на кои не успеавме да славиме, па сега со 422 поени сме на 77 позиција на светот. Во однос пак на нашите ривали во Лигата на нации ние сме далеку подобро пласирани, Ерменија го држи 98, Лихтенштајн е 181, додека Гибралтар се наоѓа на 196 место со скок од 10 позиции.

Врвот понатаму е резервиран за Германија пред Бразил, Белгија, Португалија и Аргентина која ја заокружува најдобрата петка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *