Македонија: Продавачка уби муштерија со ловечка пушка

Убиство денеска ја потресе Македонија. Полицијата информира дека 33-годишната М.П. утринава во 9 часот, во крушрвското село Светомитрани, со ловечка пушка го застрелала познаникот и соселанецот, 43-годишниот Н.Д. кој влегол во селската продавница. По кратка банална расправија, продавачката ја зела пушката и со два истрела во градите го усмртила Н.Д. Несреќниот маж починал во продавницата на лице место. Полицијата извести дека ја уапсиле продавачката, а засега не се познати повеќе детали.

извор: http://press24.mk/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *