Локализиран пожарот во село Саса

 

Македонска Каменица, 30.03.2019 година – Локализиран е пожарот во атарот на селото Саса во Македонска Каменица.

Пожарите во село Саса однесоа под оган 200 хектари површина од кои 10 хектари високостеблеста шума

7Пожарникарите од ТПППЕ Македонска Каменица, вработени во рудникот ,, Саса” и вработени од надлежните институции сеуште се на терен, со цел да не дозволат негово проширување кон шумата или кон куќите во маалата на село Саса, кое е од разбиен тип. Во гаснењето на огнените јазици утринава беа вклучени и авионите односно ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување, откако синоќа од две маала беа евакуирани осум повозрасни жители, додека младото работоспособно население се вклучи во гаснењето на пожарот.

Во моментов активни пожари има и во близина на беровските села Владимирово и Русиново. Пожарникарите и од Дирекцијата за заштита и спасување апелираат да не се пали оган на ливадите и во нивите, кој поради ветерот брзо се шири.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *