Лино Червар пред вечерашната ждрепка: Може СЀ, само моја Македонија НЕ!

Во пресрет на ждрепката за групите на Европското Првенство во Хрватска, поранешниот македонски селектор за хрватските медиуми откри која е единствената репрезентација, против која не сака да го игра во прелиминирната фаза. „Стариот лисец“ пред три месеци го напушти македонскиот национален тим и се врати во својата татковина, за да ги предводи „коскестите“ до европското злато, единственото што им недостига во богатата колекција.

„Не се заморувам премногу со ждрепката. Ќе биде така како што ќе биде, сеедно е. Ако сакаме да одиме до крајот, да земеме медал, а ние сакаме, мораме да ги победиме сите противници, на стартот или на крајот. Можеме да зборуваме, да речеме како е добро да се избегнат скандинавските селекции, овие или оние. Сепак, сите противници кои ќе ги добиеме се многу силни. Ова ЕП ќе биде најизедначено досега, осум репрезентации доаѓаат во Хрватска по злато. Само еден противник не го сакам, а тоа е Македонија.“ – вели Червар.

Ждрепката е вечер во Загреб, со почеток во 19 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *