“Лажни вести” – израз на годината за 2017 година

Компанијата Колинс, која издава речник на англискиот јазик, го прогласи изразот „лажни вести“ (fake news) за израз на годината.

Според Колинс, употребата на овој израз се зголемила за 365 пати од 2016 година, кога првпат беше употребена во контекст на вестите за Хилари Клинтон, дел од кои беа објавувани од Фејсбук корисници во Македонија.

Американскиот претседател Доналд Трамп брзо го прифати и популаризираше овој израз, обвинувајќи ги медиумите кои го критикуваат, пред се телевизијата Си-Ен-Ен, дека се „фејк њуз“. Оттогаш изразот стана препознатлива кованица на претседателот.

Според речникот Колинс, овој израз со помал интензитет се користел од почетокот на 21 век, со цел да се опишат вести кои се претерано сензационалистички, или целосно лажни, но сепак се објавуваат како легитимни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *