Кој ќе плаќа поевтино, а кој поскапо со новите тарифни модели за струјата?

Нови тарифни блокови за струјата: Оние што трошат повеќе ќе плаќаат поскапо, штедливите поевтино

Цените на блоковите ќе важат само за време на скапата тарифа. Оние што трошат многу ќе плаќаат поскапо за потрошената електрична енергија, и обратно.

Во пресрет на новиот бран поскапувања на струјата кои се најавуваат од јули, Регулаторната комисија за енергетика вчера ги соопшти четирите тарифни блока за пресметка на електричната енергија за домаќинствата. Утре се очекува да се знаат и цените на блок-тарифите.

Цените на блоковите ќе важат само за време на скапата тарифа.

Првиот блок е за домаќинства кои трошат малку, од нула до 210 киловат часови месечно. Вториот блок е од 210 до 630, третиот од 630 до 1.050 потрошени киловат часови. Последниот четврт блок за тарифирање се домаќинства кои трошат над 1.050 киловати.

Според првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски електричната енергија во пониските блокови ќе чини поевтино, додека оние што трошат повеќе ќе плаќаат поскапо.
На сметките за струја од идниот месец точно ќе биде наведено која е цената на струјата и колкава е цената за користење на мрежата.

Новата цена на струјата се очекува да биде позната наредниве денови.

Универзитетскиот професор Рубен Талески рече дека пресметките покажале дека за затоплување еден просечен стан со инвертор доволни ќе бидат 600 киловат-часови и затоа направиле промени во однос на висините на блок-тарифите, за да може тие што се греат на струја, да не плаќаат високи цени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *