Кој победува на избори? Подобрите политичари или оние со подобар маркетинг? Моќта на twitter!

Позади секоја успешна политичка приказна стои брилијантна маркетинг стратегија… и потрошени тони долари. Политичарите одамна имаат сфатено дека социјалните медиуми имаат огромно влијание на случувањата на политичката сцена. Додека кај нас фејсбук има апсолутна надмоќ над останатите социјални мрежи, во некои други делови од светот, твитер е особено актуелен. За неговата моќ во целокупното општествено живеење, најдобар пример се случувањата од т.н. Арапска пролет. Иако, овие случувања не доведоа до пад на власта во Турција, како што тоа беше случај во неколку земји во Африка, тие придонесоа турските политичари да започнат со користење на социјалните медиуми. Беа ангажирани илјадници лица кои ќе работат дигитален маркетинг и кои ќе влијаат во креирањето на јавното мислење. Ердоган на пример, твитер го нарекуваше простор за лаги и претерувања, за да сега го користи како средство за сопствена промоција. Моментално, Ердоган има повеќе од 9 милиони следбеници, а тој не следи никој.people-followed-by-recep-tayyip-erdogan-rt_erdogan-twitter

Една од најдобите твитер кампањи меѓу политичарите, ако не и најдобра има актуелниот американски претседател Барак Обама. Тоа е и разбирливо, ако се земе во предвид фактот дека неговиот кабинет троши милиони долари за плати на вработени посветени единствено на негова промоција.barack-obama-barackobama-twitter

Во Македонија, твитер не е омилен помеѓу политичарите, за што пак причина се низа фактори. Очекувањата се дека овој социјален медиум, и кај нас, ќе биде користен се повеќе како алатка за политички маркетинг. До тогаш, ако сакате политика, Вашиот омилен политичар следете си го на фејсбук.nikola-gruevski-gruevskinikola-twitter
%d0%b7%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%bd-%d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b2-zoran_zaev-twitter

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *