Тимот на Баскет Кам (м-16) останува непоразен во годинашнава сезона. Во вчерашниот натпревар убедливо е совладана екипата на УГД Штип, со резултат 40:95. Најдобри поединци кај нашиот тим беа: Никола Орлов со 20 поени, Кире Блажевски со 15 и Дамјан Тодосиев со 14 постигнати поени.
Баскет Каме предводен од тренерите Горан Даниловски и Јордан Цветановски сеуште е непоразен во сите конкуренции во кои се натпреварува.