Кочани, 07.08.2020 година – Венко Крстевски, член на Совет на општина Кочани, заедно со своите помлади сограѓани и комшии, започна интересна донаторска акција. Како што стои објавено на неговиот фејсбук профил, донаторската акција се одвива со цел да се обезбедат средства за купување на „скироли“ за децата кои немаат доволно финансии да си ги дозволат овие супер модерни реквизити за спорт и забава.
„Вечерва со децата од нашето маало имавме донаторска акција за да собереме финансии да купиме „скироли“ за сите деца од маалото кои немат. Во трговски отсекогаш другарството се темели на солидарност и меѓусебно почитување, така треба и да продолжи без разлика на генерациите“. – стои во текстот од објавата Венко Крстевски
Венко Крстевски е повеќегодишен граѓански активист, дел од повеќе хуманитарни и донаторски акции, додека во Советот на општина Кочани партиципира како претставник на независна листа на советници.