Концерт на „Меморија“

09.XI.2017 (kamenica.mk)

По 35 години од своето постоење и повеќе од две децении од последниот концерт, членовите на бендот Меморија ,на денешната последна прес конференција ги соопштија деталите за долгоочекуваниот концерт, кој со специјални аудио и визуелни ефекти ќе се одржи во Скопје, во Метрополис Арената, на 18.-ти ноември со почеток во 20:00 часот.

Безвременските, „Нена“, „Оган под Звездите“, „Снежана“, „Илјада песни“ и многу други хитови ќе ја вратат меморијата на сите оние кои ќе бидат дел од овој концертен спектакл.

„Концертот е повеќе од три третини распродаден.“ – вели Петар Георгиевски – Камиказа.

На средбата со новинарите беше претставено и најновото ЦД – The Greatest Hits,кое ги обединува најголемите хитови , а оваа прилика членовите на бендот ја искористија да најават и комплетно нов албум од групата кој ќе биде промовиран следната година на истиот датум со годинешниот концерт, 18ти ноември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *