Конечно: Пронајдена е машина која предвидува земјотреси

Експертите отсекогаш верувале дека земјотресите не може да се предвидат, но со најновиот развој на паметни машини, научниците сметаат дека ова е веќе минато, пишува Експрес.

Ова следеше по конструирањето на машина која може да ги „слуша“ карпите.

Кога одредени видови на карпи ќе се стават под зголемен притисок непосредно пред да се случи земјотрес тие пуштаат тивок звук на татнеж.

Една група истражувачи од Универзитетот во Кембриџ создаде услови за појава на ефекти врз карпите при силни земјотреси во лабораториски експеримент при што користеше ново развиена машина со вештачка интелигенција (АИ) која ги издвои знаците што означуваат дека следи потрес.

Ефектот на притисок врз карпите обично се јавува околу една недела пред ударот на земјотресот што им овозможува на научниците да наговестат кога би можело тој да се случи.

Коавторот на студијата Колин Хамфрис, професор по наука за материјали на Универзитетот Кембриџ, изјави за Ројтерс: „Луѓето велеа дека не може да се предвидат земјотресите“.

„Ние се обидовме. Сега велиме дека веруваме дека за прв пат може да предвидиме земјотрес во лабораторија“.

Машината со АИ беше во можност да ги идентификува ниските потреси кои стануваат се посилни како што се приближува земјотресот, што може да спаси безброј животи.

Научниците веруваат дека машината има голем потенцијал, а следниот чекор е да се примени на подрачјата подложни на земјотреси.

Потоа, научниците ќе се обидат да предвидат колку ќе биде силен земјотресот.

Водечкиот автор Бертран Рует-Ледук, кој беше докторант на Кембриџ за време на истражувањето, рече: „Ние сме во точка каде што големите достигнувања во инструментацијата, паметните машини, побрзи компјутери и нашата способност да се справиме со масивни бројки на податоци може да доведе до огромен напредок во науката за земјотресите“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *