Кои се среќните добитници од денешната наградна игра на ЈП Камена Река?

 

 

Македонска Каменица, 19.02.2021 година – Денес, во кругот на ЈП “Камена река” Македонска Каменица, со почеток од 12:00 часот беа извлечени среќните добитници во наградната игра за корисниците со редовно платена комуналната такса.

Годинава, најсреќни се следниве корисници:

Прва награда, Телевизор – Давор Стојковски

Втора награда, Шестмесечна претплата – Мирјана Антовска

Трета награда, Тостер – Владо Николовски

Во кратката изјава за медиумите, директорот на ЈП Камена Река, Влатко Андоновски изјави дека, „ЈП Камена Река со организирањето на оваа наградна игра покажува скромна благодарност до редовните плаќачи на комуналните такси и услуги, а од друга страна, сакаме на овој начин да ги поттикнеме и останатите сограѓани од домаќинствата корисници на редовно плаќање на услугите. Така, секој граѓанин дава личен допринос кон успешноста во функционирањето на претпријатието и во што подобро сервисирање на услугите кон граѓаните“.

ЈП Камена Река традиционално ја организира оваа Наградна игра, во која учествуваат сите домаќинства редовни плаќачи на комунални такси и услуги од општина Македонска Каменица. Во денешниот барабан за извекување беа талоните со шифри од домаќинствата кои ги имаат платено сите сметки со декември 2020 година, заклучно до 31.01.2021 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *