КИЦ „Романса“ организира концерт на традиционална музика

 

12 Март 2018 kamenica.mk

Во организација на КИЦ „Романса“, на 15 Март (четврток) со почеток од 19 часот, во Дом на култура во Македонска Каменица, ќе се оддржи концерт на традиционална музика. Концертот е во изведба на студенти по традиционални инструменти во класата на проф. м-р Горанчо Ангелов при универзитетот Гоце Делчев – Штип.

Љубителите на традиционалната музика ќе имаат можност да уживаат во изведбата на вокални и вокално-инструментални теми од нашето богато традиционално музичко творештво.

Од КИЦ „Романса“ – Македонска Каменица известуваат дека влезот за концертот е слободен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *