КИЦ Романса го распиша Ликовниот конкурс “Културно историското наследство на Македонска Каменица”

Културно-информативниот центар ”Романса” Македонска Каменица, ја објави веста дека, распишува Ликовен конкурс на тема ”Културното наследство на Македонска Каменица”

Право на учество на Ликовниот конкурс, како што стои во текстот од Соопштението за јавност, имаат учениците од ООУ ”Св.Кирил и Методиј” и учениците од СОУ ”Миле Јаневски-Џингар”од Македонска Каменица.

Учениците на Ликовниот конкурс може да учествуваат со изработка на цртежи, слики и скулптури, при што бројот на ликовни дела не е ограничен.

Од страна на КИЦ Романса, најдобрите дела ќе наградени со вредносни ваучери:
• Прва награда……..3000 денари
• Втора награда…….2000 денари и
• Трета награда……..1000 денари

Ликовните творби во шифрирана форма треба да се достават до просториите на Домот на Културата во Македонска Каменица,секој работен ден од 09.00 часот до 15.00 часот.
Ликовниот конкурс ке трае од 11.04.2022 година до 21.04.2022 година.

Ликовните творби доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.

Прогласувањето на најдобрите ликовни дела ќе биде во рамки на одбележувањето на патрониот празник на СОУ ”Миле-Јаневски-Џингар”
Ликовните дела, како што стои во текстот, остануваат во сопственост на КИЦ ”Романса” Македонска Каменица.

Со почит,
Културно-информативен центар “Романса” Македонска Каменица

 

Текст во оригинал ОВДЕ

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2186394625061993&id=100010744307291

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *