Кинопроекција на Пролетната магија на Биби и Боби во НУЦК “Бели Мугри” – Кочани

Национална установа- Центар за култура “Бели мугри”- Кочани ги известува и поканува сите дечиња и млади од регионот, на супер интересниот настан закажан за денеска, утре и во четврток на 01. Јуни 2023 година.
Станува збор за најновиот филм од
Авантурите на Биби и Боби – Пролетна магија.
Кино прекциите се во следните термини:
30.05.2023 кино проекции во 12:30 и 13:30 часот
31.05.2023 кино проекции во 10:00, 12:30 и 13:30 часот
01.06.2023 кино проекции во 12:30 и 19:00 часот
Влезниците се со единечна цена од 150 денари. Истите можат да се купат на Билетарата во институцијата, секој работен ден од понеделник 29. Мај 2023 година.

Актери: Слаѓана Вујошевиќ; Сашко Коцев; Никола Ристановски; Дамјан Цветановски
Сценарио: Бојан Трифуновски
Режија: Димитар Аризанов и Јосип Здравковски
Продукција: Светот на Биби
Синопсис: Пристигна нова авантура со сказните на Биби и Боби. Исчезнати и заборавени волшебни животни.
Магични предмети кои имаат сила да разбудат пролет. Нови другарчиња и пријателчиња во нашата најнова хипер-суперултра-мегатурбо-гига мноооогу возбудлива прошетка низ нашата убава Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *