Канал5: Граѓаните и компаниите се почесто земаат кредити

Граѓаните и компаниите се почесто земаат кредити

Граѓаните и фирмите зависни од банкарски кредити. За близу 10% пораснале вкупните кредити, односно и домаќинствата и корпоративниот сектор лани се повеќе се задолжувале, покажуваат податоците на Народната банка.

Побарувачката кај граѓаните на годишно ниво пораснала за 7,3 проценти.

Податоците на Централната банка покажуваат дека граѓаните најмногу земале станбени кредити чија побарувачка за една година пораснала за 12,7%, додека потрошувачките кредити на годишно ниво пораснале за 6,3 отсто.

Кај фирмите пак, побарувањата за кредити месечно пораснале за 2,6%, како резултат на растот на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на денарските кредити. Годишниот раст изнесува 11,5 отсто и произлегува од повисокото кредитирање во денари и во странска валута, коешто е поизразено кај кредитите во странска валута.

Годинава кредити поскапеа, провизиите се повисоки, а казнените камати двојно се зголемија, па не секој ќе може да земе кредит. Речиси сите банки ги зголемија провизиите на услугите за водење сметка, електронско банкарство, подигање пари од сметка или банкомат. Повеќе од двојно е зголемена и затензата камата.

Ова следи откако Централната банка лани 7 пати ја зголеми референтната камата, со цел да ја заузда високата инфлација.

Експертите веќе посочија дека со поскапувањето на кредитите очекуваат стабилизација на градежната офанзива и пад на цената на метар квадратен.

izvor>kanal5.com.mk

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *