Каменичанки учествуваа на државниот натпревар “Вешта жена” во тетовски Лешок

Вчера, во Лешок, Тетово екипа од организацијата на “Вешта жена” од Македонска Каменица учествуваше на републички натпревар во подготвување трпезни специјалитети. На реномираниот традиционален натпревар во повеќе категории и дисциплини, со свои специјалитети учествуваа повеќе претставнички од нашиот град. Така највкусен трпезен специјалитет од делот главни јадења и припадна на повеќегодишната учесничка и врвен, докажан мајстор на кулинарството Мима Георгиева.

Покрај бројните освоени први местс на изминатите натпревари, “Вешта жена” од Македонска Каменица важи за организација која е редовен учесник на повеќето натпреварувања и успешен домаќин и организатор на вакви настани на регионално и државно ниво.

Годинешново учество на ова натпреварување е под покровителство на општина Македонска Каменица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *