Каменичките пензионери спроведоа пролетна Еко акција

Македонска Каменица, 21.04.2021 година – Здружението на пензионери од Македонска Каменица спроведе еко акција со која беше опфатен просторот пред канцелариите на здружението и Клубот на пензионери.

“Во вчерашната акција учествуваа десетина пензионери, кои во рамки на акцијата пристапија кон чистење и уредување на просторот. Во соработка со Градоначалничката Соња Стаменкова и поддршка од ЈП Камена Река овој простор ќе го доуредиме со нови садници на дрвја и цвеќиња” – изјави претседателката на Здружението Јаворка Соколова

Каменичките пензионери се едни од најактивните здруженија во Македонија. Редовно учествуваат на повеќето манифестации, спортски игри и фестивали во земјата, а домаќини се и на најголемата пензионерска манифестација “Бабина Баница”.

Како активно здружение редовно учествуваат на сите еко акции кои ги реализира Општина Македонска Каменица и ЈП Камена Река. Во Програмата за работа на здружението за 2021 година е предвидено целосно реновирање на канцелариите на здружението и Клубот на пензионери во Македонска Каменица, – дополни претседателката Соколова Јаворка

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *