Каменичката деветолетка доби опрема од МОН за следење на кабинетска настава по предметот Хемија

ООУ “Св. Кирил и Методиј” – Македонска Каменица од Министерството за образование и наука доби опрема и инвентар за подобро следење и одвивање на кабинетската настава по предметот Хемија.

“На наше огромно задоволство, училиштето доби комплетно нов кабинет по предметот Хемија, каде учениците ќе можат да уживаат во тајните на хемијата. Оваа активност е реализирана како дел од проектите на МОН за опремување на кабинети по природни науки во основните училишта во државата” – стои во соопштението од училиштето

По уредувањето на кабинетот по Хемија, во Основното општинско училиште во Македонска Каменица, ќе биде доделена опрема и за кабинетите по Биологија, Математика и Физика.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *