Каменичанката Мери Соколовска освои трето место на државниот натпревар по хемија

На државниот натпревар по хемија кој се оддржа на 6-ти мај, Мери Соколовска, ученичка во 9-то одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, под менторство на наставничката Сунчица Ѓоргиева, го освои високото трето место. Натпреварот се оддржа на Природно-математичкиот факултет – Институт за хемија во Скопје и во многу силна конкуренција Мери постигна успех со кој ќе се гордее целото училиште.

Задоволна од успехот е и наставничката Сунчица Ѓоргиева која порача дека и во иднина ќе се натпреваруваат и ќе се борат за највисок пласман на државните натпревари и дека во континуитет се работи со учениците за нивен поголем интерес за хемијата како наставен предмет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *