КАМЕНИЧАНЕЦОТ АДРИЈАН МИЦЕВСКИ СТРАВ И ТРЕПЕТ ЗА ГОЛМАНИТЕ

06.XI.2017 (kamenica.mk)

Со сигурност во моментов најдобриот македонски футсал играч, Адријан Мицевски продолжува со блескавите игри во дресот на хрватски Сквер од Дубровник.

Во последното коло, нашиот Мицевски буквално им ги „искина конците“ на противничките фудбалери на Томи Сплти. Тоа е екипа која е прв фаворит за освојување на титулата и се наоаѓа на лидерското место. Како за илустрација, годишен договор на само еден нивни играч е како целиот буџет на Сквер.

Македонецот едноставно беше незадржлив на теренот, притоа постигна два гола, од кој едниот е поништен иако се чини дека беше регуларен. Згора на се, составот од Сплит до победата стигна со гол на 39 секунд пред крајот на мечот (2-1)

Мицевски е прв стрелец сезонава во својот клуб а пред две кола постигна ушт еден прекрасен погодок, од гол на гол.

*Голот е на временски исечок од 5.35…

Како што дознаваме, за Мицевски веќе голем интерес пројавиле неколку моќни европски екипи, но еден вид хендикеп е тоа што Македонија не е во Европската унија, и нема европски пасош.

Како за пример, во Хрватска може да играт два играчи што не се од Европа, а тоа најчесто се Бразилци, но во Сквер, покрај Мицевски и второто место е резервирано за Македонец, со оглед на тоа што настапува Игор Леовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *