Вечерва, во 1/8 финале од францускиот куп, екипата на Ним ќе ги одмери силите со Сент Етиен. Во почетната постава на Ним е најавен и македонскиот фудбалски репрезентативец, каменичанецот Влатко Стојановски.
Натпреварот започнува во 21.05 часот, а Каменица очекува гол од популарниот фудбалер.