„Задушница“ е денот кога си спомнуваме за душите на нашите блиски починати. Денот кога со пченица, вино и свеќа ги посетуваме гробовите на покојните и со свештеникот се молиме за помилување на нивните души. Според верувањата на народот, задушница е ден кога душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење.
Од свештенството при Светиот храм на „Успение на Пресвета Богородица“ го објавуваат следниот распоред и редослед за нивно заедничко молење со верниците на гробиштата од територијата на општина Македонска Каменица:
- Грчки гробишта – 06:30 о.Мартин
- Гробишта село Саса – 06:30 о.Александар
- Гробишта село Моштица – 06:30 о.Дарко
- Нови градски гробишта (Сарафски) – 07:45 о.Александар
- Стари градски гробишта (храм Св. Илија) – 08:00 о.Дарко
Од свештенството при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ – Македонска Каменица