„КАМЕНА РЕКА“ ИНТЕНЗИВНО ГО ПОДГОТВУВА ТЕРЕНОТ ОД ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО КАМЕНИЦА

Пред почетокот на пролетниот дел од натпреварувањата на екипите од ФК Каменица- САСА, ЈП Камена река започна со редица активности за подготовка за теренот за игра. Прва од нив е ѓубрење на тревникот на градскиот стадион во Македонска Каменица. Тревникот треба да се наѓубри со соодветно ѓубриво за да може тревата да добие на јачина во зимскиот период и да си го задржи својот квалитет и зелена боја. Овие активности благодарение на ЈП Камена Река ке продолжат и во наредниот период во зависност од потребите и условите за работа. Планираните активности се од поширок обем и во наредниот период, во зависност од временските услови, ќе бидат опфатени и трибините на градскиот стадион, како и помошните простории, опрема и игралишта, потребни за нормално функционирање и успешно натпреварување на фудбалските екипи од градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *