Како пушењето марихуана влијае врз коронавирусот

Здравствените експерти открија дека пушењето марихуана, дури и повремено, може да го зголеми ризикот од тешки компликации со Ковид-19.

– Кога пушите канабис, тоа на вашите дишни патишта предизвикува одреден степен на воспаление, многу слично на бронхитис, како што може да предизвика и пушењето цигари, изјави директорот на Американското здружение на пулмолози, д-р Алберт Рицо.

Додека професорот Мајкл Глас, портпарол на Здружението, истакна дека сувата кашлица е клучен знак на Ковид-19, а секое кашлање предизвикано од пушењето марихуана лесно може да се помеша со таквиот симптом, со што се отежнува дијагнозата.

Пушачите, лицата со хронични опструктивни болести на белите дробови, како и лицата со умерена до тешка астма, спаѓаат воризични групи кои можат да имаат потежок облик на Ковид-19, вклучително и ставање на респиратор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *