Како да ги стопите маснотиите на стомакот?

Премногу маснотии во пределот на стомакот се сметаат за исклучително опасни за здравјето на срцето, а дури и слабите луѓе се во опасност од развој на кардиоваскуларни болести ако имаат вишок маснотии во пределот на стомакот.

Трчање, возење велосипед, пливање – секоја форма на вежбање што го забрзува работењето на срцето е добредојдено ако сакате да се ослободите од вишокот маснотии во пределот на стомакот. Студиите од пред неколку години, тврдат дека 20 километри трчање неделно ќе помогнат најдобро да се отстранат маснотиите од подрачјето на стомакот.

Процесот можете да го забрзате со додавање одредени намирници во исхранта, но и чаеви кои ќе помогнат, особено ако ги пиете пред спиење.

Напитоци што ги топат килограмите ако ги пиете пред спиење

Краставица, лимон, магдонос

Овој пијалак лесно можете да го подготвите во сопствената кујна, а не се потребни специјални состојки и веројатно сè што ви е потребно веќе го имате дома.

Краставиците се познати по малиот број калории и големото количество вода. Друга важна состојка за слабеење е магдоносот, кој дејствува како природен диуретик и ги содржи витамините А, Б, Ц кои го контролираат задржувањето на водата на организмот додека спиете. Лимонот ќе му даде на пијалакот подобар вкус, а исто така може да им помогне на дебелото црево и дигестивниот систем да работат подобро. Ставете ги сите состојки во блендер, додадете вода и вклучете го. Напитокот консумирајте го пред спиење.

Зелен чај

Вежбањето и зелениот чај одат рака под рака и помагаат во побрзото согорување на маснотиите од стомакот. Зелениот чај е вистински рудник на антиоксиданти кои го спречуваат таложењето на штетните материи во организмот. Сварете го пред спиење, а чајот ќе си ја заврши својата работа додека сонувате.

Чај од ѓумбир

Една топла шолја од овој пијалак пред спиење ќе го подобри варењето на храната, ќе ја смирува надуеноста и другите проблеми, а здравото варење ќе помогне кај губењето на килограмите бидејќи ги елиминира сите токсини од организмот, така што тој може да ги апсорбира основните хранливи материи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *