Казна од 50 евра за граѓаните кои нема да бидат во изолација по тестирањето

По тестирањето за корона вирус, па се до добивање на резултатите, е задолжителна самоизолација. Уредбата е на сила од денес и ќе трае до завршувањето на вонредната состојба во земјава и на пандемијата прогласена од Светската здравствена организација (СЗО).

Во Уредбата е предвидено дека лицето не смее да излегува и треба да се изолира во својот дом или во стан или куќа каде што може да биде одделено од семејството. Ако не може да се одвои целосно, треба да ги сведе контактите на минимум.

Надзор над спроведувањето на самоизолацијата ќе прават МВР и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а предвидените казни за прекршување се по 50 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *