Македонска Каменица, 27.06.2021 – Кавадаречкиот маратонец Бошко Илиевски кој е познат по тоа што ги препливам најголем дел од македонските природни и вештачки езера, денес има нов предизвик.
„Имаме прекрасни езера и сакам да упатам порака да ги користиме што повеќе за спорт рекреација и туризам. Има прекрасни убавини сегде го гледам тоа, езерата се наше богатство, сегде го гледам тоа и во Берово и на Мантово и на Стрежево, јас со моето пливање сакам да дадам еден поттик за младите д го користат како еден од најздравите спортови повеќе да спортуваат и да рекреиираат и да бидат подалеку од пороците Се надевам дека покрај сите потешкотии ќе продолжаам и понатаму. Целта ми е сите нши акумулации природни и вештачки езера да ги испливам. Ми останаа негде уште 5,6 езера, така што се надевам дека во наредните години ќе го направама тоа, – кажа Васев пред почетокот на пливањето
Благодарност до општината, градоначалничката и пратеничката кои се мои колеги, како и на организаторот Горан С. и Даме С. и целата логистика која ми помогна да го реализирам овој потфат. Ќе пливам околу 3 и пол часа, 7 километри, колку ќе биде тешко но ќе биде жешко. Му се заблагодарувам на организаторот Горан и Даме и целата логистика која ми помогна да го реализирам овој потфат, – додаде Бошко Васев
На почетокот од стазата присуствуваа градоначалничката на општина Македонска Каменица и пратеничката Соња Михаиловска, кои изразија задоволство што токму Калиманското Езеро се најде на мапата на Бошко Васев. Со тоа, дополнително се промовираат убавините на Македонска Каменица и се поттикнува туризмот во регионот.