Истибанец застрелал домашни животни на соседите со воздушна пушка

Вчера околу 13.30 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во с.Истибања, виничко, Д.Т.(53) од с.Истибања испукал два истрела со дијаболи од воздушна пушка „Норика титан“ и застрелал домашни животни, сопственост на С.И.(56) од истото село.

Според пријавата, после тоа Д.Т. му се заканувал на С.И.

Полициски службеници излегле на местото и било констатиранод дека Д.С. пукал неовластено од пушката која со потврда ја поседувал неговиот син.

Пушката била одземена заедно со кутија со седум дијаболи калибар 4,5 мм.

Д.Т. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *