Исланд мора да падне. Македонија не губи на Водици!

Денес е големиот христијански празник Богојавление Водици, ден кој случајно или не – на ракометарите им носи среќа и на кој репрезентацијата не знае за пораз. Традицијата вели дека на овој празник нашиот ракометен колектив никогаш не загубил. Попладнево не чека дуел со Исланд, кој ќе биде петти на Водици, а досега, на четири средби нашата најдобра селекција не знае за неуспех.

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра од 17.45 часот. Со евентуална победа или нерешен резултат, Македонија ќе го заземе третото место во групата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *