ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ НА ИЗГРАДБА НА НОВА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА КАЈ ФИЛТЕР СТАНИЦА ВО СЕЛО МОШТИЦА

Македонска Каменица, 08.07.2021 година – Општина Македонска Каменица преку градежните активности на ЈП „Камена Река“ веќе неколку денови интензивно работи на изградба на нова водоводна линија која обезбедува чиста вода за пиење за потребите на 20 домаќинства кај м.в Филтер станица.

Како што стои во соопштението на официјалните страни од социјалните мрежи на општина Македонска Каменица и ЈП Камена Река „Станува збор за водоводна линија со должина од 660 метри, со која трајно се решава овој долгогодишен пробелем на жителите на општина Македонска Каменица од оваа населба“. Од каде дополнуваат дека „Во завршна фаза е уште еден проект на општина Македонска Каменица за изградба на 2,45 километарскиот водовод во село Моштица за потребите на домаќинствата корисници од приградската населба Павлиш Дол“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *