Институциите во градот го одбележаа Денот на пролетта и екологијата

Македонска Каменица, 21.03.2019 година – Општина Македонска Каменица во соработка со ЈП Камена Река, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и СОУ „Миле Јаневски – Џингар“ спроведе неколку активности по повод Денот на пролетта и екологијата. Од страна на вработените во ЈП Камна Река и вработените во општина Македонска Каменица, беа засадени над 100 зимзелени и листопадни садници во централното градско подрачје.

Во еко-акцијата активно беа вклучени и учениците при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и дел од нивните професори кои го чистеа кејот од Каменичка Река, додека пак средношколците со класните раководители учествуваа во чистење на помошните спортски терени во Македонска Каменица.

Денес, во рамки на активностите беа засадени над 100 од вкупно планираните 400 листопадни и зимзелени декоративни садници во централното градско подрачје, акцијата ќе продолжи и во наредните денови, како дел од пролетното разубавување на градот – изјави Влатко Андоновски, директор на ЈП Камена Река

Во еко-акциите на учениците и засадувањето на декоративните садници во центарот на градот од страна на вработените во ЈП Камна Река, учествуваше и градоначалничката Соња Стаменкова заедно со вработените во локалната самоуправа, како и директорите на двете општински училишта во Македонска Каменица

Градоначалничката Стаменкова, во оваа прилика изјави дека општина Македонска Камница, во соработка со ЈП Камена Река покрај засадувањето декоративни садници, во текот на следните денови, во зависност од временските услови, ќе започне и со редовното хортикултурно уредување на градот. За таа намена се предвидени голем број декоративни сезонски цвеќиња кои ќе бидат засадени на поголем број локации во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *