Илија Несторовски – најскап фудбалер во историјата на македонскиот фудбал

Македонија за ден-два, веројатно, ќе го добие својот најскап фудбалер и спортист воошто во својата историја. А тоа е Илија Несторовски, нашиот репрезнетативен шпиц и „бомбардер“ на тимот од Сицилија, за кого Фиорентина е подготвена да му плати на Палермо сума од цели 8.000.000 евра, пренесува Македонски спорт.

Пред Пандев, Панчев…

Ако се остварат овие најави, а се на добар пат да се остварат, тогаш Илија Несторовски ќе се најде на листата пред Горан Пандев и пред Дарко Панчев.

Да потсетиме дека кога премина Пандев од Интер во Наполи, наполитанците исплатија сума од цели 7 милиони евра за обесштетување. Додека Интер, за услугите на Панчев, ѝ плати на Ц. звезда 10 милиони марки или 5 милиони евра во далечната 1992 година.

Тоа се тие суми што ѝ се познати на јавноста. Да не зборуваме за останатите спортисти, пред сѐ за кошаркарите и за ракометарите, кои можат само да сонуваат да дојдат до овие суми, односно некои клубови да платат толкави пари за отшетата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *