Изложени придобивките од спроведувањето на проектот за регионално управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион во општина Македонска Каменица

Македонска Каменица, 01.08.2019 година – Денеска во просториите на Дом на култура во Македонска Каменица се одржа работен состанок со Ана Петровска, државен секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање на тема „Придобивки од спроведувањето на проектот за регионално управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион во општина Македонска Каменица“. На состанокот присуствуваше и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, директорот на ЈП Камена Река, Влатко Андоновски и претставник од одделението за програмирање и мониторирање на проекти од ИПА фондовите Ѓорѓи Велевски.

На почетокот од работниот состанок, градоначалничката Стаменкова, најпрвин им се заблагодари на граѓаните за присуството и на претставниците од Министерството за животна средина и просторно планирање и одделението за програмирање и мониторирање на проектите од ЕУ фоддндовите. Користејќи ја работната посета на Чачак, Република Србија каде заедно  со претставници од Министерствата за екологија и МЖСПП, Стаменкова на присутните им ги пренесе искуствата од посетата на тамошната регионална депонија, како и начините на функционирање и управување со истата. Додаде дека придобивките за општина Македонска Каменица и граѓаните се огромни. Со ставањето во функција на Претоварната станица и воедувањето на новите законски регулативи за управување со отпад, општина Македонска Каменица ќе изнајде начин трајно да ги реши и проблемите со постоечките диви депонии.

Ана Петровска, државен секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање во своето излагање пред присутните граѓани во Домот на култура во Македонска Каменица, во рамки на денешниот работен состанок ги истакна процесите и начините на кои ќе се спроведе изградбата на Претоварната станица, подобрувањето на степенот на собирање на отпадот и чистење, односно регулирање на постоечките диви депонии. Со изградбата на новата Претоварна станица отпадот воопшто нема да биде видлив. Биејќи станува збор за градежен објект со контејнер во кој отпадот привремено ќе биде складиран, а потоа транспортиран до централната депонија во Мечкуевци, Свети Николе. Со ова се намалуваат трошоците за управување и складирање на отпадот, бидејќи регионалниот третман на истиот овозможува и дополнителен приход на општините вклучени во проектот.

Пред почетокот на работниот состанок на тема со претставниците од Министерството за животна средина и просторно планирање, членови на Советот на општина Македонска Каменица, директорот и претставници од ЈП Камена Река, се одржа кратка средба на која се разговараше за моменталните состојби и начини на кои општина Македонска Каменица се справува со складирањето и управувањето со отпад.
Беа изнесени потребите на општина Македонска Каменица и ЈП Камена Река за подобро функционирање при спроведувањето на процесот за затворање на постоечката депонија и со почетокот на работа на новата Претоварната станица. За потребата од изнаоѓање на уредна локација за складирање со градежен шут и инертен отпад во Општината. Беше посетена една од лоцираните диви депонии, каде на претставниците од Министерството за животна средина и просторно планирање им беа пренесени проблемите и потребата од итност во решавањето, бидјеќи дивите депонии претставуваат и потенцијална опасност по здравјето на жителите кои живеат во непосредна близина на истите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *