Изградбата на улица “Вера Јоциќ” е во завршна фаза

Македонска Каменица, 04,03.2019 година – Со подобрувањето на временските услови кои овозможија изведба на градежни активности во Македонска Каменица продолжи изградбата на улица Вера Јоциќ. Станува збор за улица која покрај поврзувањето на поголем број домаќинства и подобрување на пристапот до истите, ќе ги поврзе директно и со регионалниот пат Каменица – Делчево од една и со регионалниот пат Каменица – Саса од друга страна.

Во завршна фаза се градежните активности за изградба на улицата “Вера Јоциќ” со должина од 470 метри. Изградбата на улицата е од особено значење за жителите од овој дел на градот, бидејки со порзувањето на ул. “Вера Јоциќ” со ул. “Каменичка” се обезбедува подобар пристап до нивните домови.
Завршени се потребните градежни активности околу изградбата на атмосферската канализација и тампонирање на коловозот. Следува поставување на “ивичњаци” и асфалтирање на коловозниот дел од улицата. – велат од општина Македонска Каменица

Вредноста на договорените градежни активности за изградба на улица „Вера Јоциќ изнесува 8.798.351 денари, а изведувач на активностите е „Коле Транс Инжинеринг“ ДОО – Штип.

dav

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *